Beautin Collagen

Комплекс од колаген и хијалуронска киселина

BEAUTIN™ COLLAGEN

Природната убавина има име: BEAUTIN™ COLLAGEN, течен колаген за пиење од Myelements! Специјализираната формула за убавина BEAUTIN™COLLAGEN е комплетен комплекс за убавина кој претставува додаток на исхраната со хидролизиран колаген, збогатен со хијалуронска киселина, витамини А, Б комплекс, Ц и цинк. Производот е во течна форма за лесно голтање и колагенот е во форма на пептидиза оптимална апсорпција од страна на телото.

СОСТАВ

Течноста BEAUTIN™ COLLAGEN му го дава на телото потребниот колаген, а исто така ги обезбедува сите основни микронутриенти, кои помагаат во поттикнување на природната синтеза на колаген во телото.

Во една доза од 30ml се содржани:

  • 10.000 mg Хидролизиран колаген PEPTAN™
  • 50 mgХијалуронска киселина
  • 80 mgmg Витамин Ц
  • 1,6mg Витамин Б2
  • 18mg Витамин Б3
  • 60 μg Биотин
  • 800 μg Витамин А
  • 10 mg Цинк
Сите компоненти на BEAUTIN™ COLLAGEN дејствуваат синергистички и сочинуваат комплетна специјализирана формула, која помага во одржувањето на здравјето и убавината на кожата, косата и ноктите, здравјетонакоските, зглобовите, тетивите и лигаментите.
НАЧИН НА УПОТРЕБА
BEAUTIN™ COLLAGENeво течна форма за лесно голтање. Се зема по 30 ml на ден, чиста течност или разредена во половина чаша вода. Да се консумира на одредена временска оддалеченост од оброците, по можност пред спиење, за да се добијат најдобри резултати. За полесно дозирање има специјалната мерна чашка која е вклучена во пакувањето.
BEAUTIN™COLLAGEN не остава вкус на риба во устата, има одличен вкус, и е лесно сварлив. Изберете еден од двата одлични вкусови: јагода-ванила или манго-диња.

ПРИДОБИВКИ
Компонентите во специфичната формулација на BEAUTIN™COLLAGENму го даваат на телото потребниот колаген, а исто така ги обезбедуваат сите основни микронутриенти, кои помагаат во поттикнување на природната синтеза на колаген во телото. Истовремено, хијалуронската киселина придонесува за најдобри резултати, како што се одржување на природната влажност која е од суштинско значење за соодветна хидратација на кожата.
BEAUTIN™COLLAGEN:

  • Има улога во подобрувањето на здравјето и убавината на кожата од внатре
  • Има улога во подобрувањето на изгледот на кожата и во зајакнувањето на косата и ноктите
  • Придонесува за здравјето на сврзното ткиво, 'рскавиците и зглобовите
  • Има антиоксидантни својства
  • Е во форма на пептиди за зголемена апсорпција од страна на телото
  • Обезбедува високо квалитетен колаген од чист природен извор на риба
  • Е во течна форма за полесно голтање
  • Може да се зема неразреден или разреден во половина чаша вода
  • Има мерна чашка за полесно дозирање
  • Има одличен вкус, не остава вкус на риба во устата и е лесно сварлив

Според клиничките студии, со користење на BEAUTIN™COLLAGEN за 12 недели* се постигнало подобрување на состојбата и структурата на кожата.
*Извор: Peptan, Rousselot Healthy Choice, Hydrolized Collagen and Skin Health 2009 clinical studies results.

ВКУСОВИ
BEAUTIN™COLLAGEN е достапен во два одлични вкусови, со прекрасна арома: • Јагода-ванила • Манго-диња

НАУКА И УБАВИНА

ФОРМУЛА

Течниот колаген BEAUTIN™COLLAGEN, е комплетен комплекс за убавина кој претставува додаток на исхрана во кој главната компонентае хидролизиран колаген PEPTAN™, збогатен со хијалуронска киселина, витамини А, Б комплекс, Ц и цинк, кои се од суштинско значење за исхрана, подмладување и обновување на кожата. Потеклото на чистиот природен извор на колагенот е гаранција за неговиот квалитет.

ДЕЈСТВО НА КОЛАГЕНОТ

Колагенот е нерастворлив фиброзен протеин. Тој е главната компонента на сврзното ткиво во телото и се наоѓа насекаде под нашата кожа. Утврдено е дека колагенот:

  • Ја подобрува текстурата на кожата и ги зајакнува косата и ноктите
  • Има придонес во здравјето на сврзните ткива, ‘рскавиците и зглобовите
  • Има антиоксидативни својства кои спречуваат дејство на слободните радикали
  • Го зголемува здравјето и убавината на кожата од внатре
  • Ја покрива кожата со слој кој ја одржува влажноста
  • Транспортира полипептиди и аминокиселини во екстрацелуларниот простор на кожата
  • Ја прави кожата мека и еластична
  • Ја затегнува и хидрира кожата
  • Ги измазнува брчките
  • Го забавува процесот на стареење на кожата
Со текот на времето колагенските влакна ја губат својата еластичност, со тоа настанува опуштање на кожата и се појавуваат знаци на стареење, како што се фини линии и брчки.
Клиничките студии покажале дека со користењето на додаток на исхрана со колаген за време од 12 недели се подобрила состојбата и структурата на кожата.

КОЛАГЕН И ХИЈАЛУРОНСКА КИСЕЛИНА

Колагенот и хијалуронската киселина се две супстанции кои ги има во телото, каде имаат исклучително важна улога за здравјето на кожата, сврзното ткиво и зглобовите.
Со текот на времето, способноста на телото да произведува колаген и хијалуронска киселина се намалува и притоа се јавуваат видливи резултати на кожата. Колагенот и хијалуронската киселина се потребни за да се задржи еластичноста и цврстината на кожата.


КОЛАГЕН ВО ФОРМА НА ПЕПТИДИ

BEAUTIN™COLLAGEN содржи хидролизиран колаген PEPTAN™во форма на пептиди, кои веќе се разделени и како такви се погодни за апсорпција од човечкото тело, за постигнување на подобро и поефикасно искористување.
Колагенските пептиди се дистрибуирани во човековото тело, особено во дермисот на кожата и дејствуваат преку следните механизми:
• обезбедување на градбени блокови за формирање на еластински влакна
• стимулирање на пролиферација на фибробластите, подобрување на природниот процес на синтеза на колаген и хијалуронска киселина од страна на телото

Формулата е збогатена со хијалуронска киселина, која има улога на филер (полнител) на кожата, за добивање на уште подобри резултати.

Видливи резултати после 12 неделно користење, од клинички истражувања* Времето на дејствување на овој производ зависи од различните состојби на кожата и начинот на живот на индивидуата.

Дополнително, самиот процес на хидролиза игра мошне значајна улога во квалитетот на аминокиселините добиени од производот. Методот на хидролиза на Peptan™ гарантира дека состојките остануваат неоштетени во секоја серија, од денот на производство, до последниот ден на консумирање на производот.

*Извор: Peptan, Rousselot Healthy Choice, Hydrolized Collagen and Skin Health 2009 clinical studies results..

КОЛАГЕН ОД ЧИСТ ПРИРОДЕН ИЗВОР

КОЛАГЕН ОД ЧИСТ ПРИРОДЕН ИЗВОР

КОЛАГЕН ОД ЧИСТ ПРИРОДЕН ИЗВОР

Хидролизираниот колаген PEPTAN™ кој се содржи во BEAUTIN™COLLAGENе природна биоактивна состојка која помага да се промовира убавината одвнатре, преку одржување на нивото на хидратација на кожата, цврстина и еластичност, и делува против стареењето.

КолагенотPEPTAN™ е добиен од риба, од видот Tilapia, чие што ловење се одвива под строго контролирани услови. Овој вид на риба е природен извор од кој се обезбедува колаген, кој не содржи загадувачи, како што се тешки метали, а со тоа се гарантира и неговиот квалитет.

Според клиничките истражувања, колагенот добиен од риба полесно се искористува од човечкото тело, за разлика од колаген добиен од други видови, како на пример свински. Исто така, во споредба со колаген добиен од други извори, колагенот добиен од риба има поголема содржина на специфични аминокиселини, кои што телото ги искористува за синтеза на колаген.*

*A.A. Karim, et al. ‘Fish gelatin: properties, challenges and prospects as an alternative to mammalian gelatins.’ Food Hydrocoloids. 2009; 563-567 Zhou, P. et al. ‘Properties of Allaska Pollock Skin Gelatin: A Comparison with Tilapia and Pork Skin Gelatins. Journal of Food Science. 2006; 71(6)

КОМПЛЕТНА ФОРМУЛА ЗА УБАВИНА

Сите компоненти кои се содржат во формулата BEAUTIN™COLLAGENдејствуваат синергистички и помагаат во одржување на здравјето и убавината на кожата, косата и ноктите.
Освен хидролизиран колаген и хијалуронска киселина, BEAUTIN™COLLAGENсодржи и:

• Витамин Ц, кој има антиоксидантни својства против слободните радикали и има улога во нормалното формирање на колаген за нормално функционирање на кожата, 'рскавиците, непцата и крвните садови
• Витамин А, кој придонесува за одржување на нормална состојба на кожата и слузокожата
• Б витамини и цинк кои придонесуваат за одржување на физиолошката состојба на кожата, ноктите, косата и коските

Овие состојки во комбинација со колаген и хијалуронска киселина се концентрирани во високо интегриран комплекс за убавина, кој е подготвен за употреба, обезбедувајќи микронутритиенти кои помагаат за зголемување на природната продукција на колаген во телото.

НАУКА И УБАВИНА

КЛИНИЧКИ ИСТРАЖУВАЊА

Клиничките истражувања кои биле изведени со цел да се евалуираат ефектите на колагенот Peptan™, потврдиле дека колагенот придонесува за промовирање на здравјето и убавината на кожата, од внатре.
Според овие студии колагенот Peptan™:

• Ја подобрува структурата и состојбата на кожата после 12-неделна консумација
• Ја зголемува хидратацијата на кожата за 28%
• Ги измазнува линиите на кожата за 26% и има улога во превенција против создавање на длабоки брчки
• Ја намалува фрагментацијата на колагенот за 31%


Хидратантен ефект

Хидратантно дејство (Студија YNTKK – 2008 – 4144)
Студијата е двојно-слепа плацебо контролна студија, со орална администрација на хидролизиран колаген Peptan™ за подобрување на состојбата на кожата. Студијата е спроведена во Токио (Јапонија) од SOUKEN, врз 33 жени на возраст од 40 до 59 години, во времетраење од 8 недели, во текот на зимскиот период. На секоја од жените и била администрирана орална доза од 10.000 mg течен колаген, еднаш дневно. За мерење на нивоата на хидратација на кожата бил користен инструмент со висока прецизност,
Corenometer® CM 825 од Courage + Khazaka electronic.



Позитивните ефекти од дневното примање на хидролизиран колаген Peptan™ се потврдени со резултатите од истражувањата. Истражувањата покажале дека после 8 недели, групата која примала дневна доза колаген Peptan™ имала значително подобрување на хидратацијата на кожата за 28%, во споредба со групата која примала плацебо. Позитивните резултати биле потврдени преку анкета која им била направена на испитаниците, од кои 68% од жените кои учествувале, одговориле дека забележале значајно подобрување на нивото на хидратација на нивната кожа и осетиле позитивни ефекти.



Ефект на поттикнување на колагенот

Фрагментација и густина на колагенот (Студија COSderma 2012)
Опис на студијата (COSderma 2012)
Двојно-слепа студија, изведена во Франција од COSderma, со администрација на плацебо наспроти орална администрација на хидролизиран колаген Peptan™, кај 106 жени на возраст од 40 до 65 години, во времетраење од 12 недели. Бил истражуван степенот на фрагментација на површината на колагенот и специфичната длабочина и густина на колагенот, со високо-прецизни мерни инструменти Vivascope® 3000 и Dermcup®. Бил администриран 10.000 mg течен колаген, еднаш дневно, а мерењата биле извршени од основната линија-првиот ден (D0), на 28иот ден (D28) и на крајот на студијата, на 84тиот ден (D84).



Резултатите покажале значително зголемување на густината на колагенот во длабоките слоеви на кожата, после земање на хидролизиран колаген Peptan™ во времетраење од 28 дена. Севкупно, фрагментацијата на колаген била намалена за 31% после 84 дена, во споредба со групата која примала плацебо.



Ефектот на стареењето

Демонстрирани резултати врз ефектот на стареење (Студија 2008 – A00654 – 51)
Опис на студијата
Студијата е изведена во Лион (Франција) од Dermscan, врз 47 жени на возраст од 35 до 55 години, во времетраење од 12 недели, во текот на зимскиот период. Направена е евалуација на резултатите кај особините на кожата по орална администрација на хидролизиран колаген Peptan™ во споредба со плацебо. На секоја од учесничките и била администрирана орална доза од 10.000 mg течен колаген Peptan™, 5.000 mg наутро и 5.000 mg навечер.



Резултатите од студијата покажале дека Peptan™ гиизмазнуванерамнинитенакожата за 26% и госпречуваформирањетонадлабокибрчки. Испитаниците од групата која што примала Peptan™ дневно, забележале подобрување на еластичноста и тонусот на кожата.По 6 неделна употреба, кај 77% од испитаниците кои примале Peptan™, длабокитебрчкибиле намалениза 41%. На 12тата неделабило измерено намалувањетонавкупнатазбрчкана површина и резултатот изнесувал намалување од 17% до 68%. Кај групата која примала плацебо, истражувањето покажало дека помеѓу првата и 12тата недела, бројот на длабоките брчки се зголемил за 30%.



Експертски мислења

Исхрана......козметика.....медицина......

Комплетна формула за убавина

Научниците постојано работат на пронаоѓање начини за справување со процесот на стареење. Кој може да ни биде сојузник во зачувување на младоста? Експертите ги проучуваат тајните против стареењето и сугерираат начини за подобрување на убавината од внатре!

Проверете што мислат експертите за BEAUTIN™COLLAGEN
КЛИК ОВДЕ

Вашето име (задолжително поле)

Вашиот емаил (задолжително поле)

Вашата порака (задолжително поле)